Тен Хаг: Ќе го победиме Арсенал и без Касемиро

Фудбалерите на Ерик тен Хаг претрпеа уште едно разочарување во сезоната откако ремизираа со 1-1 во дуелот против Кристал Палас. Покрај изгубените два бода, „црвените ѓаволи“ останаа и без услугите на Касемиро за следниот меч против Арсенал откако Бразилецот во 80. минута заработи жолт картон кој му носи и суспензија.

Холандскиот стратег отсуството на еден од најискусните фудбалери во неговиот состав не го гледа како хендикеп, тој вели дека и без него веќе го совладал Арсенал, а доколку фудбалерите го почитуваат договореното нема да биде проблем нова победа.

„Натпреварот со Кристал Палас беше важен за нас. Во Премиерлигата секој натпревар е важен. Касемиро е многу важен за нас, но последниот пат успеавме да го победиме Арсенал и без Касемиро. Имавме план, делувавме како тим. Така треба да биде на секој натпревар“, изјави Тен Хаг.

Се вчитува...