Тен Хаг: Лисандро нека не слави многу, првенството ни почнува на 27. декември

Фудбалерите на Аргетнина се уште го слават шампионскиот трофеј од Светското првенство во Катар со својата фамилија во родниот крај, но не сите се задоволни од долгото славје на „гаучосите“.

Еден од нив е и тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг кој го прозва својот фудбалер и го потсети дека на 27. декември го очекува премиерлигашки натпревар против Нотингем Форест.

„Лисандро се уште слави во Аргетина и можам то да го разберам. Прославата на титула за Светски шампион во татковината е најголемото нешто што можете да го постигнете во фудбалот, но Лисандро мора да сфати дека првенството ни почнува на 27. декември“, изјави Тен Хаг.

Се вчитува...