Тен Хаг: Манчестер Јунајтед чекаше фудбалер како Хојлунд

Менаџерот на Манчестер Јунјатед Ерик тен Хаг е задоволен од новото засилување на тимот Расмус Хојлунд, кој го нарече „вистински голгетер“. Клубот од Манчестер го објави трансферот вреден 75 милиони евра, плус 10 милиони за бонуси кои може да им припаднат на Аталанта.

20-годишниот играч има 27 гола на 87 средби и реализираше шест пати во шест настапи во дресот на Данска, потпиша договор со тимот од „Олд Трафорд“ на 5+1 година. Хојлунд стана трето засилување за Јунајтед во овој предоен рок после Маунт и Онана.

„Расмус е вистински напаѓач. Оди директно кон голот, многу е добар во пресингот и има одлични физички предиспозиции. Мислам дека имаме потреба од тоа заедно со Рашфорд кој е директен и може во секој момент да погоди. Хојлунд е нешто што го чекавме. Ќе му помогнеме побрзо да се прилагоди во тимот“, рече Тен Хаг.

Се вчитува...