Тен Хаг: Мора да бидеме поорганизирани

Манчестер Сити славеше со 3-0 на „Олд Трафорд“ во дербито за Манчестер, нанесувајќи му го на Манчестер Јунајтед петтиот пораз во сезоната.

По натпреварот за медиумите говореше тренерот Ерик тен Хаг кој вели дека пресуден за победата на „граѓаните“ бил пеналот во првото полувреме.

„Игравме многу добро во првото полувреме, добро се браневме и имавме добри периоди на игра во нападот, добри шанси, но не ги искористивме. Пеналот го промени текот на натпреварот. Моравме да бидеме агреисвни во второто полувреме. Сакаме да бидеме компактни. Знаевме дека ќе не притиснат, дека ќе играат високо и директно.

Вториот гол дојде прерано и потоа почнавме да носиме погрешни одлуки. Разговаравме за тоа да не го оптеретуваме голманот кога тоа е можно. Во првото полувреме бевме на ниво кое го посакував, но кога губиш со 2-0 мораш да тргнеш во пресинг и со тоа ја губиш формацијата, а тоа отвори ситуации во кои тие имаат човек повеќе. Мора да бидеме поорганизирани“, изјави Тен Хаг.

Се вчитува...