Тен Хаг му „прости“: Роналдо вратен во првиот тим на Јунајтед

Кристијано Роналдо повторно тренира со првиот тим на Манчестер Јунајтед. Ерик Тен Хаг го врати Португалецот во „погон“ откако го казни со исфрлање од екипата за мечот против Челси, поради тоа што одбил да влезе на натпреварот со Тотенхем.

Роналдо при водство на 2-0, замина од клупата за резерви кон соблекувалната, и за тоа доби многубројни критики. После тоа Тен Хаг откри дека Роналдо одбил да влезе во игра, што оваа сезона му стана во навика, затоа што само на три меча беше стартер.

Португалецот додека беше „под казна“ тренираше со кондициски тренер, но во текот на казната цело време менаџерот Тен Хаг и фудбалерот биле во комуникацијаа.

„Не ми се допадна одлуката, секогаш сакам да го имам Роналдо во екипата. Не сакав со тоа да покажам кој е главен, во прашање е клубот и морав да донесам одлука во интерес на екипата. Тоа ми е задача без разлика за кој фудбалер се работи“, рече Тен Хаг. 

Се вчитува...