Поранешниот тренер на Ајакс, Манчестер Јунајтед и Баер Леверкузен, Ерик тен Хаг, стана технички директор на холандскиот клуб Твенте. Тен Хаг е слободен агент откако доби отказ од Леверкузен, по само два меча во Бундеслигата.
Иако се надеваше дека ќе ја оживее кариерата во Германија, сепак, управата на клубот не беше задоволна од неговата работа. Инаку Тен Хаг е поранешен играч на Твенте, и навивач на овој клуб од детството.
Тој помина во младинските категории на овој тим, а потоа како капитен го предводеше тимот до Купот во 2001 година, само еден од трите големи трофеи во историјата. Одигра за нив 262 меча.
Тен Хаг токму таму ја почна кариерата како тренер, беше на младинските категории, а потоа и помошник тренер на Стив Мекларен додека беше дел од овој клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

