Тен Хаг: Не само Роналдо, и Мегваер е дел од моите планови

Ерик тен Хаг вчера и официјално ја почна својата ера во Манчестер јунајтед, откако беше претставен на „Олд трафорд“.

Тој говореше за своите планови во клубот, но и на кои фудбалери ќе смета во следната сезона, по катастрофалната година која ја имаа „црвените-ѓаволи“.

Тој вели дека покрај Кристијано Роналдо, планира и на капитенот на клубот Хари Мегваер, кој според голем дел од фановите е главен виновник за лошата сезона на клубот.

„Роналдо е најдобриот фудбалер во светот и дефинитивно сметам на него следната сезона. Исто така го планирам и Хари Мегваер, тој е еден од најдобрите дефанзивци во светот“, изјави Тен Хаг. 

Се вчитува...