Тен Хаг нема трпение: Едвај чекам да почнам да работам со Роналдо

Новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг веќе нема трпение и е крајно возбуден што од летово ќе работи со Кристијано Роналдо.

Иако се шпекулираше дека Холанѓанецот нема да смета на ветеранот, тој тоа јавно го демантираше во неколку наврати.

„Да, Кристијано е фантастичен фудбалер и вистински победник па затоа едвај чекам да почнам да работам со него“, рече Тен Хаг.

Португалецот сезонава беше единствената светла точка во таборот на Манчестер јунајтед во очајната сезона.

Се вчитува...