Манчестер Јунајтед пред крајот на трансфер периодот очајно бара нов напаѓач. Откако го испуштија Тимо Вернер, кој го напушти Челси и се врати на познат терен во РБ Лајпциг, сега „црвените ѓаволи“ се вртат кон Хаким Зијеч.
Новиот тренер на „црвените ѓаволи“ не е задоволен од изборот во офанзивата и прави обиди да се засили до крајот на летото.
Тен Хаг сега дал зелено светло за отпочнување преговори со Хаким Зијеч, кој не добива честа минутажа од Томас Тухел, па би можел да направи нов чекор во својата кариера.
Кристијано Роналдо не го убедува Тен Хаг и моментално не е негов прв избор за постигнување на голови за Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА