Тен Хаг отпишува пет фудбалери на Манчестер Јунајтед

Новата лоша сезона во која Манчестер Јунајтед се мачи со константност во игрите и притоа се наоѓа пред елиминација од европските натпреварувања во пресрет последното коло од Лигата на Шампионите ќе го промора тимот повторно да биде активен на трансфер маркетот оваа зима.

А, за да собере доволно средства за нови ангажмани Манчестер Јунајтед прво ќе продава. Според англиските медуми пет фудбалери се наоѓаат на излезните врати од „Олд Трафорд“.

Тоа се Рафаел Варан, Касемиро, Ентони Марсијал, Џејдон Санчо и Дони ван де Бек на кои Ерик тен Хаг не смета на долги стази и истите ќе бидат слободни да заминат од клубот доколку дојде атрактивна понуда.

Се вчитува...