Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг кажа дека тимот се вратил во Лигата на шампионите, онаму каде што заслужува. Зборувајќи за оваа сезона, Холанѓанецот кажа дека овој тим е далеку од титулата, и дека ќе мора да се засили за да биде конкурентен во битката за титулата.
Јунајтед синоќа на Олд Трафорд ја совлада екипата на Челси и обезбеди пласман во Лигата на шампионите, оставајќи го Ливерпул во Лигата на Европа. Екипата се враќа во „елитата“ откако оваа сезона играше во Лигата на Европа, каде стигна до 1/4 финалето и беше елиминирана од Севилја.
„Овој клуб припаѓа на Лигата на шампионите. Пласманот меѓу четирите најдобри беше целта на екипата. Натпреварувањето е тешко, има многу клубови со добри играчи, добри тренери и големи буџети. Ова е моментално максимум, но сакаме повеќе и јас немам трпение. Сити игра одличен фудбал, и ние имаме уште многу работа да ги стигнеме. Во моментов сме далеку од нив. Потребни ни се подобри играчи за да бидеме конкурентни“, рече Тен Хаг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА