Својата прва мисија на Ерик Тен Хаг во Манчестер Јунајтед е одбраната. Според англиските медиуми, новиот тренер на Јунајтед наводно се заблагодарил на тројца фудбалери од одбраната. Ерик Баји и Арон Ван Бисака сигурно заминуваат, а веројатно по нивните стапки ќе тргне и Виктор Линделоф.
Но, Тен Хаг нема да остави ништо на случајноста, па така ќе ангажира нови дефанзивци, а прв „пик“ е стоперот на Вилјареал, Пау Торес за кого „Црвени ѓаволи“ наводно ја зголемиле понудата.
Но, тој не е единствен кој ќе дојде на „Олд Трафорд“, потребен е уште еден со оглед дека Рангник не сака да остане само со Варан, Торес и Мегваер, (Џонс нема да игра), па така Тен Хаг ќе тргне и по услугите на Мерих Демирал. Демирал е позајмен во Аталанта, тим кој што треба да му плати на Јувентус 20 милиони евра ако сака да го има. Така италијанскиот тим веројатно ќе ја даде таа сума, а потоа ќе го продаде за поголема, и ќе заработи од него.
Тен Хаг и натаму не ја дефинирал трансфер листата, а покрај Баји, Ван Бисака и Лиденлоф, се очекува од тимот да си заминат и Погба, Мата и Лингард. Исто така можно е заминување на Кавани, потоа на Марсијал, па така Тен Хаг ќе има многу работа да го состави тимот за следната сезона кој ќе треба да го врати Јунајтед на старите шампионски патеки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА