Тен Хаг пред Ливерпул: Некои натпревари секогаш ќе бидат поголеми од другите

Манчестер јунајтед во недела ќе го пречека Ливерпул во четвртфиналето на ФА Купот.

Менаџерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг вели дека натпреварите против Ливерпул се секогаш посебни за сите во тимот од „Олд трафорд“.

„Некои натпревари се поголеми од другите. Јунајтед против Ливерпул отсекогаш бил голем натпревар, особено ако се работи за четвртфинале од ФА Купот. Со нетрпение го очекуваме. Навивачите сакаат да победиме, знаеме дека ќе има повеќе навивачи на Ливерпул бидејќи тоа е куп натпревар, па нашите навивачи ќе мора да бидат погласни. Ако сакаме да победиме, ќе мора да одиграме најдобро што можеме“.

Ливерпул е во одлична форма, а во последно време „црвените ѓаволи“ немаат успех со својот голем ривал.

„Тие се многу константни. Играат добар фудбал, имаат одлична игра и многу добри резултати. Тешко е да се каже кој е фаворит. Никогаш не размислувам за тоа. Почнуваме од нула. Подготвени сме и не размислувам за противникот. Ги почитувам како и сите други. Ги знаеме нивните силни страни, но и каде се нивните слабости.  Од јануари само покажавме дека можеме да играме добро и добивме многу натпревари. Го чувствуваме тој моментум. Имаме верба, самодоверба и добар тимски дух“, заклучи Тен Хаг.

Се вчитува...