Тен Хаг претставен на „Олд трафорд“ – Моја цел е да го вратиме клубот таму каде што припаѓа

Холандскиот стратег Ерик тен Хаг денеска беше претставен како нов тренер на Манчестер јунајтед. Тој стигна на „Олд трафорд“ откако вчера го следеше натпреварот на својот клуб на гостувањето во Лондон кај Кристал Палас (1-0).

Ерик тен Хаг во првата изјава како менаџер на „црвените-ѓаволи“ изјави дека цел му е да го врати клубот таму каде што припаѓа.

„Би рекол дека сум возбуден. Навистина едвај чекам да почнам да работам во клуб кој има ваква историја. Сакаме да го вратиме овој клуб таму каде што припаѓа. Пред се, сакаме навивачите да бидат горди. Второ, многу е јасно дека моменталната ситуација не е добра и дека сме пред голем предизвик. Сакам да изградам тим во кој сите се борат еден за друг, кој е единствен и кој ќе постигнува резултати. Играме на „Театарот на соништата“, сакаме да ги забавуваме луѓето. На крајот, желбата и идејата е да се игра фантастичен фудбал. Но, дури и да играме фантастичен фудбал, сепак треба да победиме“, изјави Тен Хаг. 

 

Се вчитува...