Тен Хаг: Разочаран сум, мора да извлечеме поуки

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг истакна вистинско разочарување после поразот од Брајтон на неговиот тим, на првиот натпревар во Премиерлигата во новата сезона.

Иако беше фаворит, Јунајтед беше поразен со 1-2, после разочарувачкото прво полувреме, кога противникот имаше предност од 0-2. По влегувањето на Роналдо, Јунајтед беше сосема поинаков тим, но на крајот само успеа да намали.

„Ова беше неуспех, разочаран сум, мораме да се справиме со тоа. Од самиот почеток знаев дека нема да биде лесно. Ова е процес кој бара време, а ние немаме многу време, мораме да победуваме. Моравме многу подобро. Ги анализрав головите што ги примивме, а во организацијата на нападите имавме многу грешки. Не сум воопшто задоволен, но мораме да извлечеме поуки“, рече Тен Хаг, кој призна дека по влегувањето на Роналдо, неговиот тим изгледал подобро.

„Да, дефинитивно по влегувањето на Роналдо бевме подобар тим, се смени нашата игра“, изјави менаџерот на Јунајтед.

Се вчитува...