Тен Хаг: Разочарани сум, но и горд

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг после поразот во финалето на ФА Купот од Манчестер Сити, кажа дека е горд на своите фудбалери и покрај поразот од лутиот ривал.

Тој кажа дека двата гола морало да се избегнат, но дека тимот покажал отпорност и карактер, и дека Јунајтед го чека уште многу работа.

„Скршени сме, и разочарани, но јас сум горд на својот тим. Одигравме добро и покрај двата евтини голови. Сепак, бевме во игра. Имавме силен дух и добра организација. Можеа да се изебгнат двата гола. Кога играте со Сити и нема да примите голови од отворена игра, тоа е пофалба за тимот, но повторно разочарување што примате такви голови. Овој тим покажа отпор, карактер и лице. знаеме дека имаме пред нас многу ада работиме, но овој пора може да не направи уште подобар“, рече Тен Хаг.

Се вчитува...