Тен Хаг се одлучи на чудно засилување, Рабио пред трансфер во Јунајтед!

Адриен Рабио се наоѓа пред трансфер во Манчестер Јунајтед. Французинот сега само детали го делат од реализација на трансферот од Јувентус.

Според италијански новинари, трансферот е во завршна фаза и Рабио на „Олд Трафорд“ треба да потпише четиригодишен договор, до летото 2026 година. Новиот менаџер на „црвените ѓаволи“, Ерик Тен Хаг во Андриен гледа ново засилување и освежување во средианта на својот тим, па поради тоа и дал зелено светло за овој трансфер.

Јувентус ќе се одлободи од Рабио и според најавите ќе го купи Леандро Паредес, аргентинскиот репрезентативец од ПСЖ за 20 милиони евра.

Се вчитува...