Тен Хаг: Се радуваме на финалето на „Вембли“ против Њукасл

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед на крајот на месецот ќе имаат можност да се борат за првиот трофеј во сезоната.

„Црвените ѓаволи“ со нова победа над Нотингем Форест го потврдија пласманот во финалето на Лига купот на Англија каде за противник ќе го имаат Њукасл. Тој натпревар ќе се одигра на 26. февруари на „Вембли“ во Лондон.

„Секако дека се радуваме на тоа. Не чека Вембли и одличниот тим на Њукасл, но во моментов тој меч е предалеку за нас. Се разбира, кога ќе победиш во полуфиналето, се е во ред. Да бидам искрен, првото полувреме не беше одлично. Игравме премногу бавно и не создадовме премногу шанси, ги пуштивме да дивеат. Второто полувреме беше многу подобро, го подигнавме нивото на игра и постигнавме добри голови“, изјави Тен Хаг.

Се вчитува...