Ерик тен Хаг има сосема добар почеток на авантурата како предводник на Манчестер јунајтед, откако холандскиот стратег доби неколку добри натпревари и покажа дека овој тим на „црвените ѓаволи“ поседува извонреден потенцијал.
Поразот на градското дерби со Манчестер Сити од друга страна покажа зошто Јунајтед се уште е далеку од борбата за трофејот во Премиер-лигата, нешто со што се согласува и самиот Тен Хаг.
„Едно е јасно, сите ние сакаме трофеи во Манчестер јунајтед, како во стручниот штаб, така и играчите и навивачите. Сепак, тоа не е лесно, а она што мора да се направи е да се создаде тим што ќе може да атакува на трофеите. Добро знаеете дека конкуренцијата е силна, но ништо во врвниот фудбал не е лесно. Затоа, мораме да наведнеме глава и да работиме, да напредуваме уште повеќе и да бидеме подготвени за предизвиците кои следат“, изјави стратегот на Манчестер јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ ја продолжуваат премиерлигашката сезона со дуел против Нотингем Форест што ќе се игра на 27 декември, меч за кој Тен Хаг нема да може да смета на Лисандро Мартинез и на Рафаел Варан, кои се уште не се вратени во Манчестер по настапот во големото финале на СП 2022.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА