Тен Хаг со остра порака: Јас сум шефот и јас ќе кажувам како ќе се игра!

Ерик Тен Хаг е во центарот на вниманието на фудбалската светска јавност, откако пред два дена беше назначен за нов тренер на Манчестер Јунајтед. Кормилото ќе го превземе од идната сезона, а веќе на големо се шпекулира за тоа како ќе изгледа тимот на Манчестер за сезоната 2022/2023 година.

Холанѓанецот го чека исклучително тешка задача да го врати тимот на шампионските патеки во Англија, што не им успеа на многу менаџери во последните девет години, по заминувањето на легендарниот Сер Алекс Фергусон.

Уште пред да го презеде кормилото, Тен Хаг им упати остра порака на ѕвездите на Јунајтед.

„Нема да попуштам, ниту да ја менувам својата визија. Ѕвездите ќе имаат задачи, и кој нема да ги исполни, ќе си има проблем со мене. Без разлика за кој фудбалер станува збор“, изјави Тен Хаг.

Се вчитува...