Манчестер Јунајтед уште еднаш потфрли во Лигата на шампионите. Иако имаше предност од 0-2 и 1-3 во Истанбул против Галатасарај, сепак, на крајот успеа да дојде само до бод, што не беше доволен. Сега на Јунајтед му треба победа во последното коло против Баерн Минхен, а дуелот во Копенхаген да заврши нерешено.
„Ремито“ е последица на двете грешки на голманот Андре Онана, кој уште еднаш покажа дека има лош почеток на кариерата на „Олд Трафорд“. Поради оваа причина тој по мечот бил предупреден од менаџерот Ерик Тен Хаг, кој му се заканил дека ако направи уште една грешка, ќе го пресели на клупата.
Втор голман на Јунајтед е турскиот чувар на мрежата Алтај Бајандер, кој се очекува да го преземе неговото место. Турскиот голман беше купен од Фенербахче за да биде „бек-ап“ за Онана, но сег може да се случи да брани за тимот од Олд Трафорд.
Исто така Бајандер треба да почне да брани, во случај Онан да замине во Африканскиот куп на Нации. Дека Алтај треба да биде пред Онана во моментов бараат и навивачите на „Црвените ѓаволи“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА