Тен Хаг со закана до Ливерпул и Сити: На секоја ера и доаѓа крајот!

Денеска Манчестер Јунајтед и официјално го промовираше Ерик тен Хаг за нов менаџер. Холанѓанецот вчера беше на „Олд Трафорд“ и од трибините го следеше последниот натпревар во сезоната за својот нов клуб.

Јунајтед на тој дуел беше поразен со минимален резултат, а Тен Хаг изјави дека има некои ноти кои ќе му значат за следната кампања.

„Среќен сум и возбуден што сум овде. Добредојде во клубот беше многу топло и едвај чекам да работам со сите вас. Ова е мојот нов дом и ви посакувам успех”, започна Тен Хаг.

Поранешниот тренер на Ајакс со голема самодоверба зборуваше за идните проекти.

„Довербата што ја имам ја сочинуваат околината, луѓето околу мене. Имав добро чувство на состаноците. Имаме план и сега треба да го исполниме“, изјави менаџерот на Јунајтед

Доаѓањето во Премиерлигата ќе биде најголемиот предизвик во неговата кариера и ќе има супер ривали како Манчестер Сити и Ливерпул.

„Премиер лигата е фантастична. Веќе запознав одлични тренери и тимови од Премиерлигата и знам како е да се соочиш со нив. Но, јасно е дека ова првенство е најсилното на светот и едвај чекам да се борам. Сити и Ливерпул? фантастичен фудбал, но на секоја ера доаѓа до крајот“, потенцираше тој..

Запрашан дали Роналдо се вклопува во неговите планови, Холанѓанецот одговори:

„Секако. Секој сака одличен голгетер во својот тим“, заклучи Тен Хаг.

Се вчитува...