Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд се најде во центарот на вниманието на англиската јавност откако по поразот на неговиот тим од лутиот градски ривал Манчестер Сити со 3-0 прослави роденден во познат клуб во градот што наиде на голем револт кај навивачите и тренерот Тен Хаг.
Рашфорд кој претходната сезона беше еден од најдобрите играчи во својот тим, оваа сезона игра лошо како и неговиот тим, а воопшто не му помогна роденденската прослава. Поради неа не се најде во стартниот состав за средбата против Њуксал Јунајтед во Лига купот во која неговиот тим претрпе нов болен пораз.
Ова не е прв пат холандскиот стратег да мора да го казни англискиот репрезентативец. Слична ситуација имаше и претходната Нова година кога по долгата ноќ тој задоцни на состанок на тимот па доби иста казна како и овој пат. Само што со оглед на резултатите, овој пат Ерик тен Хаг ситуацијата ја означи како неприфатлива.
„Тоа што го направи Рашфорд е неприфатливо. Тој е свесен за тоа. Разговарвме и се извини. Тоа е тоа“, изјави Тен Хаг кој на дополнителното прашање за казната на репрезентативецот на Англија додаде дека тоа е интерна работа на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА