Тен Хаг: За Манчестер Јунајтед секој меч е борба, во соблекувалната нема раздор

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг пред натпреварот со Барнли искажа верување дека неговиот тим ќе се врати на победите, после три последователни порази од Арсенал, Брајтон и Баерн Минхен.

Тен Хаг за тоа што се случува во Манчестер кажа дека тимот е обединет и дека нема раздор, и дека секој меч во овој тим е борба.

„Сите во соблекувалната, почнувајќи од стручниот штаб, играчите, медицинскиот и другиот персонал сме обединети. Нема никаков раздор. Тука секој меч е борба. Ги познавам моите играчи и единственото нешто кое се бара од нас е да победуваме тука. На секој натпревар“, изјави Тен Хаг.

Околу ситуацијата со Санчо, тој додаде:

„Само од него зависи. Тој ќе мора да се промени. Дали ќе го продадеме на зима, ќе видиме. За тоа не одлучувам само јас. Сигурно дека нема да биде утре во тимот против Барнли“, рече Тен Хаг.

Се вчитува...