Тен Хаг удри по Роналдо: Готов е уште од Јувентус, во Реал знаеја кога да го продадат

Ерик тен Хаг на престанува со критиките на адреса на Кристијано Роналдо, откако холандскиот стратег повторно говореше за непрофесионалното однесување на португалската суперѕвезда додека двајцата беа дел од Манчестер јунајтед.

Роналдо пред извесно време се жалеше на третманот кај Тен Хаг, но екс-тренерот на Ајакс е дециден дека не згрешил ништо и дека целиот конфликт се должи на недоволната подготвеност на самиот фудбалер.

„Секој врвен тим мора да ја прифати својата најголема ѕвезда, но тоа исто така и мора да биде обострано. Таа ѕвезда мора да игра за екипата. Токму тоа беше проблемот со Роналдо, играчите сакаа да работат со него, да му создаваат шанси, но тој не возвраќашее буквално со ништо. Не ме разбирајте погрешно, тој ќе остане запаметен како еден од најдобрите фудбалери во историјата, но јас говорам за периодот во Манчестер јунајтед. Секој чест на Реал Мадрид, чии челници секогаш знаат кога фудбалерот почнува да тоне и го продаваат. Тоа беше доказ и со Кристијано, тој заврши во Јувентус, таму веќе почна неговиот пад, а кога си замине од Јуве, Португалецот веќе беше готов. Тоа е реалноста, тој седум-осум години не игра на посакуваното ниво“, истакна Тен Хаг.

Се вчитува...