Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг истакна задоволство од победата на неговиот тим во „Карабао Купот“ против Кристал Палас. „Црвените ѓаволи“ го добија натпреварот со 3-0 и се пласираа во 1/8 финалето во ова натпреварување.
Тен Хаг истакна дека ако екипата против Барнли направила чекор напред, сега ова е уште еден поголем чекор напред за тимот.
„Одигравме добро, доминиравме. Тоа е она за кое се стремиме. Кога не победувате, доаѓа разочарувањето. Но, ние сме силни и не го загубивме единството по лошите резултати“, изјави Тен Хаг.
Запрашан кога може да се очекува Санчо да се врати во екипата, тој одговори:
„Немам коментар за играчи кои не се со првиот тим. Навистина немам што да кажам“, изјави Тен Хаг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА