Тен Хаг: За трофеи потребен е тим, а не само 11 играчи

Вчера Манчестер Јунајтед во судиското надополнување во совлада Фулам, и така замина на пауза со три освоени бодови.

Менаџерот на Јунајтед, Тен Хаг ја коментираше оваа победа, и искажа задоволство од тоа како тимот одговорил на овој предизвик.

„Игравме добро во првиот дел и требаше да постигнеме повеќе голови. Во фудбалот работите многу брзо се менуваат, Фулам почна да игра се подобро и подобро, создаваше шанси и успеа да израмни. Последните 10 минути беа наши. Многу сум задоволен од нашата смиреност. Среќен сум што замената повторно функционираше. За трофеи не се доволни само 11 играчи, ви треба тим. И ова е тоа што го бараме“, рече Тен Хаг.

Се вчитува...