Тенисерите на поправен против Летонија, по вчерашниот пораз од Естонија

Македонската Дејвис куп репрезентација денеска ја очекува вториот меч против Летонија од Групата Б во Третата европска група која се игра во Атина, Грција.

По вчерашниот пораз со 3-0 од Естонија, македонските тенисери денеска на поправен испит против Летонците кои вчера славеа со идентични 3-0 против Црна Гора.

На вчерашниот дуел против Естонија, Димитар Грабул и Горазд Србљак загубија во два сета, а потоа во двојки со 0-6,2-6 загубија и Лука Љубен Андонов и Берк Бугариќ.

Се вчитува...