Тенисерите со пораз и од Црна Гора

Дејвис куп репрезентацијата на Македонија загуби и во третиот натпревар од групата Б, во Третата евро-африканска зона, овојпат од Црна Гора повторно со максимални 3-0.

Во првиот меч Резар Чунго беше убедлив против Димитар Грабул совладувајќи го со 2-0, по сетови (6-3 и 6-2). Горазд Србљак успеа да освои сет против Љубомир Челебиќ, но тоа не беше доволно за конечна победа (6-3, 3-6 и 6-3), додека во дубл мечот Андонов и Бугариќ изгубија со 2-0 (7-6 и 6-0), од Савелиќ и Алексиќ.

Утре против Монако нашите тенисери ќе се борат за опстанок во третата Евро-африканска зона.

Се вчитува...