Тенисерите загубија и од Летонија на Дејвис купот во Грција

Македонската Дејвис куп репрезентација загуби и од Летонија со максимални 0-3 во второто коло од Групата Б во Третата европска група која се игра во Атина, Грција.

По вчерашниот пораз од Естонијс, македонските тенисери не успеаја да парираат ниту против репрезентацијата на Летонија.

Нов пораз на македонските тенисери во Дејвис Купот. Откако вчера загубија до Естонија, денеска македонските тенисери се поразени од Летонија.

Димитар Грабул загуби од Роберт Стромбахс во два сета, со 6-7, 6-7. Во вториот меч, Горазд Србљак беше надигран од Мартинс Подзус со 1-6, 2-6. Во мечот во игра на двојки Лука Љубен Андонов и Берк Бугариќ загубија од Лаздинс Подзус со 1-6 и 3-6.

Утре во третото коло противник на Македонија е репрезентацијата на Црна Гора.

Се вчитува...