Тенисерите загубија и од Монако во мечот за опстанок во Третата група

Македонската тениска репрезентација по трите порази од Естонија, Летонија и Црна Гора во групата Б, се поразени и во натпреварот за опстанок во Третата европска група.

Лошите игри на турнирот од Дејвис купот во Атина, тенисерите ги продолжија со поразот од 1-2 од Монако.

Димитар Грабул загуби во првиот натпревар во сингл за да потоа Горазд Србљак успее да слави и израмни на 1-1. Во клучниот натпревар во игра на двојки Грабул и Србљак беа немоќни против Роман Армеодо и Бенжаман Балере доживувајќи пораз од 1-6,2-6.

Се вчитува...