Тениски скандал: Мечот Долгополов – Монтеиро под истрага

Натпреварот помеѓу украинскиот тенисер,  Александар Долгополов и Бразилецот Тијаго Монтеиро во првото коло од АТП турнирот во Винстон Салем, е под истрага на „TIU – Tennis intergity Unit“(антикорупциска тениска институција),  поради сомнеж дека се работи за местење на натпреварот.

Непосредно пред почетокот на натпреварот Долгополов беше апсолутен фаворит, во спортските обложувалници за негов триумф коефициентот беше 1.25, додека за неговиот противник 4. Меѓутоа, пред самиот старт на средбата се случи пресврт, поточно коефициентите се сменија во корист на бразилскиот тенисер, со 1.25 коефициентот во негова корист и за краток временски период стана фаворит.

Обложувалниците откако приметиле веднаш ги блокираа сите уплати за понудениот пар, поради сомнеж дека мечот е корумпиран, односно наместен.

До крајот на натпреварот Долгополов не стигна до ниту една брејк топка, а Монтеиро на крајот славеше со лесни 6-3, 6-3 во сетови за нецели 55 минути.https://www.youtube.com/watch?v=uQxpFzZkRcw

Се вчитува...