Тензии во Рома: Играчите го пцуеле Фонсека

Нови тензии во редовите на Рома, меѓу Пауло Фонсека и првотимците на „волчицата“, откако во саботата не беше победен Сасуоло.

Фонсека по натпреварот зборуваше дека се е во ред во тимот меѓу него и фудбалерите, но веќе следниот ден на тренингот на тимот имало жесток вербален судир.

Главната причина за нервозата е новиот пад на табелата, а пооделни фудбалери наводно и го пцуеле Фонцека на вчерашниот тренинг на кој бил присутен и директорот Тиаго Пинто. Од Рома сето тоа го негираат, со порака дека се фокусирани на мечот од Лигата на Европа во четврток против Ајакс.

Се вчитува...