Тензија во Аргентина, Меси повторно не е на списокот на „гаучосите“

Најголемата аргентинска ѕвезда Лионел Меси повторно не се најде на списокот на селекторот Лионел Скалони. Ова ја зголемува тензијата дека Меси веќе нема да игра за националниот тим, иако во моментов тој се опоравува од непријатната повреда на рамото. Но, Меси нема ниту еден настап за Аргентина од завршувањето на Светското првенство во Русија, каде „гаучосите“ беа елиминирани во осминафиналето од светскиот првак Франција. Оттогаш се појавија шпекулации дека тој веќе нема да игра за националната селекција, што самиот фудбалер официјално никогаш не го потврди.

Аргентина ќе игра пријателски натпревар против Мексико, а Скалони повика 30 фудбалери меѓу кои е изоставен и Гонзало Игуаин, на барање на Милан. Тој во офанзивната линија ќе избира меѓу Мауро Икарди, Лаутаро Мартинез, Пауло Дибала, Родриго де Паул.

Се вчитува...