Тензија во Италија: Магарињата како Лотито не сакам да ги слушам, не се враќаме на терен…

Претседателот на италијанската Бреша, Масимо Челино уште еднаш потврди дека нема намера да ја продолжи сезоната. Челино отворено истакна дека фудбалерите на последнопласираната екипа во Серија А нема да се појават на терен ако сезоната продолжи, па дури и да ги загубат сите натпревари со службен резултат.

Челино повторно ги прозва сите оние кои повикуваат продолжување на сезоната, а посебно на удар е првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито.

„Гледам премногу себичност. Многумина сакаат да ја искористат оваа ситуација само за своја корист. Лотито упорно сака да ја продолжи сезоната? Магарињата постојано рикаат, но не одат во рај. Ги слушам само оние стручни лица кои знаат нешто. Не знам зошто тој упорно се меша?“ – вели Челино.

Првиот човек имаше што да каже и за претседателот на Италијанската фудбалска федерација.

„Подобро му е повеќе да работи, а помалку да се појавува на телевизија. Нека дојде во Бреша да поразговараме за се. Јас не се плашам од враќање на терен, но нормалните знаат што се случува. Дури и претседателот на ФИФА го кажува тоа што јас го зборувам“ – вели Челино.

Се вчитува...