Тензија во ПСЖ – Нејмар го предводи бунтот против Ал Келаифи

Нејмар повторно најде начин да влезе во војна со раководството на ПСЖ, откако бразилскиот ас беше посочен како предводник на бунтот што дел од фудбалерите го водат против управата на францускиот првак. Претседателот Насер Ал Келаифи минатото лето го блокираше трансферот на Нејмар во Барселона, па ваквиот однос на Бразилецот е јасна порака и притисок врз управата да му биде дозволено да си замине од „Паркот на Принцовите“ во текот на летниот преоден рок.

Според францускиот весник „Фигаро“, еден од ретките кои се согласни на намалување на платата а 70% е Килијан Мбапе, Бразилците Тијаго Силва и Маркињос преговараат за помал процент на намалување, додека ставот на Нејмар е крајно ригорозен. Одличниот голгетер, кој заработува три милиони евра месечно, не прифаќа никакво намалување на платата. Зад него стојат и Кавани, Ерера, Бернат и уште неколку фудбалери, кои немаат намера да ги смалат побарувањата од клупската управа во однос на она што им е пропишано со договорите што ги имаат со „светците“.

Нивниот понуден компромис е поради коронавирусот клубот извесно време да не им ги исплаќа парите, но на крајот од кризата сите плати да им бидат исплатено комплетно. Ова е неприфатливо за претседателот Ал Келаифи, кој се соочува со сериозна опасност од раздор во тимот.

Барса подготвува нова мегапонуда за својот поранешен напаѓач, а како што стојат работите, за ПСЖ ќе биде подобро да даде зелено светло за трансфер отколку повторно да се соочува со проблеми поради незадоволството на една од најголемите „ѕвезди“ во тимот.

Се вчитува...