Тео Хернандез го засилува Милан

Италијанскиот калчолигаш Милан е блиску до ангажман на фудбалерот на Реал Мадрид, Тео Хернандез. Тој за сума од 20 милиони евра до крајот на викендот се очекува и официјално да стане ново засилување на „росонерите“.

Левиот бек во 2017 година го засили Реал Мадрид, но по само една сезона замина на позајмица во Реал Сосиедад. Раководството на „кралскиот клуб“ бара начин да се ослободи од неговиот договор, а Паоло Малдини во него гледа одлична опција за пополнување на левата бековска позиција на Милан. Преговорите се речиси заокружени и Хернандез во наредните два дена треба да биде официјализиран како нов фудбалер на Милан.

Се вчитува...