Тео Хернандез: Среќен сум во Милан, подготвен сум за нов договор

Тимот на Милан немаше никакви проблеми и оствари убедлив триумф над Венеција од 3-0 во Серија А со што уште еднаш испрати јасна порака дека има намера докрај да се бори за Скудетото.

Златан Ибрахимовиќ стрелаше во првото полувреме за во второто Тео Хернандез со два гола ги потврди трите бода. Токму Французинот истакна дека е среќен и задоволен, па воедно порача дека е на добар пат да ја продолжи соработката со „росонерите“.

„Имавме одлична игра и знаевме дека нема да биде лесно. Јас бев капитен бидејќи Ромањоли и Калабрија се во аут, многу сум среќен што ја носев капитенската лента. Сега мораме да победуваме на секој натпревар и да извршиме притисок врз Интер, да продолжиме да работиме добро секој ден. Што се однесува до продолжување на соработката со Милан, можам да кажам дека ние сме во напредна фаза. Јас сум многу среќен овде од првиот ден и ние сме во разговори. Работам секој ден за да станам најдобар. Паоло Малдини често помага со совети“, дополни Хернандез.

Се вчитува...