Англискиот фудбалер Тео Волкот одлучи да стави крај на кариерата во својата 34-та година од животот.
Поранешниот англиски репрезентативец ова лето го напушти Саутемптон, а потоа кратко тренираше со Рединг. Сепак, не потпиша договор со тимот од вториот по ранг островски фудбал, па се одлучи на крај на кариерата иако имаше понуда од Бурнмаут.
Најубавите години од неговата кариера ги мина во Арсенал од 2006 година каде остана цели 12 сезони, пред заминувањето во Евертон. За репрезентацијата на Англија запиша 47 настапи постигнувајќи и осум гола. И натаму е најмладиот дебитант во историјата на англиската репрезентација.
Во минатата сезона, последна за него, одигра 20 натпревари и постигна два гола.
Thank you ❤️ pic.twitter.com/A4qRFMUKr9
— Theo Walcott (@theowalcott) August 18, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА