Тео Волкот по 14 години се врати „дома“

Тео Волкот го искористи последниот ден од преодниот рок за да си замине од Евертон и да се врати во Саутемптон, клубот во кој крилниот офанзивец ја почна својата фудбалска кариера. Поранешниот англиски репрезентативец се врати на „Сент Мери“ како позајмен фудбалер, откако Карло Анчелоти му дозволи да се пресели во клуб каде би имал поголема минутажа.

Волкот пристигна во Евертон во 2018 година од редовите на Арсенал во трансфер вреден 20 милиони фунти, но не успеа да се избори за стандарден првотимски статус.

„Имав понуди и од други клубови, но во моментот кога Саутемптон искажа интерес знаев дека морам да се вратам во овој клуб. Тоа е клубот што ме направи она што сум денеска, клубот што секогаш ми остана во срцето“, изјави Волкот.

Тео Волкот дебитираше за Саутемптон во август 2005 година, на возраст од 16 години и 143 дена, со што стана најмлад дебитaнт во историјата на „светците“. Една година подоцна тој беше донесен во Арсенал од Арсен Венгер, во трансфер вреден почетни пет милиони фунти.

Се вчитува...