Теодор Симиќ – македонски бисер во Барселона

Веќе нема никакви дилеми, Теодор Симиќ е нов член на младинската школа на Барселона откако суперталентираниот македонски кошаркар потпиша шестгодишен договор со каталонскиот гигант. Момчето родено 2004 година импресионира со своите кошаркарски квалитети, неслучајно беше поврзуван со трансфер во неколку европски гиганти, но најконкретни во обидите за негов ангажман беа челниците на школата на Барса.

Како што објави ЕКИПА пред повеќе од шест месеци, каталонците беа тргнати во офанзива за Симиќ, препознавајќи го потенцијалот на младиот Македонец. Целосен договор беше постигнат уште пред околу два месеци, но се чекаше на официјализација, за овој млад кошаркар и дефинитивно да се пресели во каталонската престолнина.

Тој беше предводник на нашата репрезентација за играчи до 14 години на „Slovenia Ball“ каде Македонија го освои шестото место, а по завршувањето на силниот турнир и официјално беше потврдена информацијата за преселбата на Теодор Симиќ во Барселона.

Се вчитува...