Теодора Керамичиева се сели во Шамбри

Уште една ракометарка на Вардар го официјализира својот трансфер за следната сезона. Македонската репрезентативка Теодора Керамичиева кариерата ќе ја продолжи кариерата во Франција, во тимот на Шамбри Турен.

Од клубот денеска го официјализираа трансферот и и посакаа добредојде на 22-годишната македонска ракометарка која настапува позицијата лев бек.

Керамичиева која потекнува од школата на Милева Велкова „Велкова 5„ и важи за една од најдобрите млади македонски ракометарки.Во својата професионална кариера настапуваше за ЖРК Металург, Вардар Јуниора, а сезонава е дел од првиот тим на Вардар. Трансферот во Франција ќе биде нејзино прво интернационално искуство.

Од актуелниот состав на ЖРК Вардар на крајот на сезоната си заминуваат речиси сите ракометарки. Од следната сеозна во ЧСМ Букурешт ќе играат Андреа Лекиќ, Јованка Радичевиќ, Драгана Цвијиќ и Барбара Лазовиќ. Во Унгарија продолжуваат Амандин Лејно, Андреа Пенезиќ, Татјана Хмирова и Андреа Кликовац, Сара Ристовска заминува во Крим, Полина Кузнецова во Ростов Дон, а во Франција ќе играат Александра Лакрабер (Флери) и Теодора Керамичиева (Шамбери).

Се вчитува...