Теодосиќ си оди од клиперси, во игра две опции

Милош Теодосиќ летово беше поврзуван со враќање во европската кошарка, но раководството на ЛА клиперс во последен момент реши да не го раскине договорот со него, што му гарантираше 6,3 милиони долари за оваа сезона.

Сепак, ситуацијата во последно време се промени, тренерот Док Риверс јасно стави до знаење дека не смета сериозно на Србинот, кој веќе почна да си бара „чаре“ за излез од целиот хаос. Американските медиуми информираат дека Риверс објавил листа од шест имиња на кои смета во ротацијата за бековските позиции, при што на неа не се нашол Теодосиќ. Клиперси имаат 20 играчи во својот ростер и јасно е дека час поскоро ќе треба да се ослободат од дел од нив, а меѓу првите на листата на оние кои ќе си заминат е токму српскиот репрезентативец.

Сан Антонио важи за тим што е подготвен да разговара за ангажман на српскиот кошаркарски генијалец, спарси пред неколку дена поради тешка повреда останаа без Дејунте Мари, со што се отвора простор за Теодосиќ да пристигне во Тексас. Втората опција е Феникс санс, каде тренерт е Игор Кокошков. Српскиот стратег кој стана европски првак со Словенија е во потрага по искусен плејмејкер и Тео ги исполнува овие критериуми, но останува да се види кој од овие два тима ќе постигне согласност со ЛА клиперс, во размена за пик на драфтот за наредната година или пак за парична компензација за ангажман на одличниот плејмејкер.

Се вчитува...