Тепачот Грин доби суспензија

Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Дрејмонд Грин е суспендиран на само еден натпревар поради удирањето со Домантас Сабонис во вториот натпревар од четвртфиналето на плејофот во Западната конференција.

Искусниот крилен напаѓач во последната четвртина намерно згазна на еден од најдобрите играчи на Сакраменто додека Литванецот лежеше, а потоа велеше дека Сабонис е виновен бидејќи го фатил за ногата.

НБА презеде дисциплински мерки, вклучително и наведување на минатите епизоди на неспортско однесување на играчот на Вориорс.

„Кралевите“ ги добија првите два меча против актуелниот шампион, а третиот и четвртиот дуел се закажани за 21. и 23. април во Сан Франциско.

Се вчитува...