Тер Штеген ја одбрани Барселона, Меси го покори „Ванда Метрополитано“

Барселона успеа да слави во дерби-пресметката против Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“ со 0-1, а стрелец на победничкиот гол беше аргентинскиот генијалец Лионел Меси. Тој во 86.минута, по двојно проигрување со Луис Суарез, шутираше од работ на шеснаесетникот и успеа да го надмудри Јан Облак.

Голем удел во триумфот има и голманот на Барселона, Марк Андре Тер Штеген кој бранеше одлично и неколкупати со врвни интервенции го спаси својот гол. Во првото полувреме Жерар Пике ја погоди гредата од голот на Атлетико Мадрид.

Барселона се враќа на првата позиција на табелата во Ла Лига со 31 бод, исто колку што има и Реал Мадрид, но со подобра гол-разлика.

Се вчитува...