Тер Штеген: Ова е срам за фудбалскиот свет

Реал Мадрид славеше со 3-2 во големото шпанско дерби против Барселона и практички ја осигура титулата во Ла Лига со оглед на тоа што има предност од 11 бодови на врвот на табелата. Барселона два пати имаше водство на натпреварот, но на крајот пресуди Џуд Белингхем кој во 92. минута ја затресе мрежата за голема радост на „Сантијаго Бернабеу“.

„Ел класико“ за жал не можеше да помине без контроверзност бидејќи каталонците сметаат дека во 27. минути се оштетени за гол. Голманот на Реал Мадрид, Линин едвај успеа да ја спаси топката од гол линијата, а со оглед на тоа што во Шпанија не постои гол технологија, по преглед на снимката ВАР не успеа да одреди топката беше цела во гол зоната.

Тоа наиде на големо незадоволство кај Марк Андре тер Штеген кој ја прокоментира ситуацијата по крајот на средбата.

„Тоа е срамота. Многу е големо разочарувањето што не можеа да најдат агол за проверка на ситуацијата. Во овој свет има доста пари и не разбирам зошто немаме технологија каква што имаат во другите првенства. Срамота за фудбалскиот свет“, истакна голманот на Барселона.

Се вчитува...