Ламине Јамал се издвои како една од најголемите фудбалски ѕвезди не неодамна завршеното Европско првенство во Германија.
И голем број негови соиграчи од Барселона не може да го сокријат задоволството од извонредниот фудбалски раст на 17-годишното момче. Токму затоа и добар дел од нив со совети сакаат да му помогнат на Јамал да го продолжи фудбалскиот развој.
Еден од нив и голманот Марк Андре Тер Штеген кој се очекува да биде новиот капитен на тимот по заминувањето на Серхи Роберто.
„Треба пред се да оддадеме признание на Чави кој му даде можност да ги покаже своите квалитети. Има нешто посебно во него. Се надевам дека ќе ги држи нозете на земја, дека не ги слуша пофалбите и размислува за моментот, дека ќе продолжи да работи за тимот. Има уште простор за напредок, многу е млад, само што почнува. Порасна и физички. Ламине знае дека може да смета на мене за се што му треба во клубот. Ние сме сите тука за него“ – вели Тер Штеген во интервју за ЕСПН.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА