Тер Штеген „виси“ за градското дерби, Артур мора да паузира

Барселона во првиот натпревар од 2020 година ќе му гостува на градскиот ривал Еспањол, но тренерот Ернесто Валверде се соочува со сериозни проблеми во пресрет на оваа средба.

Првиот голман Марк Андре Тер Штеген се мачи со проблем со коленото, поради што во изминатите денови беше под специјални терапии. Лекарскиот тим на каталонскиот гигант објави дека со третманите ќе се продолжи и во следните денови, но неизвесно е дали Германецот ќе може да застане на голот на градското дерби закажано за 3 јануари.

Тој дуел сигурно ќе го пропушти Бразилецот Артур, кој ќе мора да отсуствува уште најмалку 20 дена од терените, откако не настапи и на последните неколку средби за Барса во 2019 година.

Се вчитува...