Прославениот фудбалер на Челси, Џон Тери кој долго време ја носеше капитенската лента на клубот од „Стемфорд Бриџ“ неодмана гостуваше во поткастот „Obi One“ каде меѓудругото говореше и за некогашните соиграчи Мохамед Салах и Кевин де Брујне.
Сегашните фудбалери на Ливерпул и Манчестер Сити беа дел од Челси во периодот помеѓу 2012 и 2016 година, период во кој не успеаја да се наметнат во тимот, а Тери смета дека тој не направил доволно за да им помогне.
„Разочаран сум сам од себе бидејќи мислам дека ми беше потребно подолго време да се навикнам на улогата на капитен. На Де Брујне и Салах не им пружив доволно поддршка. Кога тие беа во Челси веројатно бев премногу строг и барав дисциплина во екипата. Тоа што не се снајдоа во тимот најверојатно беше прв знак дека им треба утеха, некој со кој можат да седнат и да разговараат.
Дали можев да им помогнам да се вклопат подобро? Тоа е прашање кое ме мачи бидејќи подоцна направија големи кариери. Разочаран сум од себе како капитен, но мило ми е што постигнаа таков успех. Искрено не мислев дека ќе дојдат на тоа ниво со оглед на тоа како играа во Челси“, изјави Тери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА