Тешка битка за Европа: „Лавовите“ во директен дуел со Струга ТЛ, Работнички на гости против Шкупи

Македонија ЃП денеска против Струга ТЛ во директен дуел за европски излез. Двата тима кои силно се борат за третото место на табелата, во директна пресметка во 29. коло од Првата македонска фудбалска лига која пред финишот на сезоната ќе даде многу одговори.

Бодовите се пред се неопходни за стружани, но и во таборот на „лавовите“ знаат дека со денешен триумф ќе завршат огромна задача на патот кон европскиот излез.

„Очекувам убав и тежок натпревар. Струга игра неверојатно сезонава и со право се борат за излез во Европа. Мојот колега Срѓан Захариевски го ценам многу и сметам дека заврши одлична работава сезонава во клубот. Натпревар од големо значење за нас во борбата за едно од местата кои водат во европските купови. Се надевам дека на крајот ние ќе бидеме подобриот и посреќниот тим и ќе стигнеме до бодовите на овој меч“ – вели шефот на стручниот штаб на Македонија ЃП, Жикица Тасевски.

И покрај тоа што се со мали шанси за третата позиција, „романтичарите“ веруваат дека се уште може да се замешаат во битката за Европа. Многу нешта ќе зависат и од резултатите на конкурентите, но Работнички денеска против Шкупи секако ќе атакува на победа.

Мечот ќе се игра на теренот на комплексот на ФФМ, а посебно внимание привлекува тренерскиот дуел на некогашните соработници, шефот на стручниот штаб на Работнички, Александар Влахо, и Гоце Седлоски, кој е нов тренер на Шкупи.

ПРВА ЛИГА – 29. КОЛО (денеска, 13 ч.)

Битола: ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА

Скопје: ВАРДАР – БЕЛАСИЦА

Тетово: ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ

Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ

ВЧЕРА

Кратово: СИЛЕКС – АК. ПАНДЕВ 3-2

Се вчитува...